ЦЕФТА одлучува: Дали Македонија го прекршува трговскиот договор со Србија?
Денеска во Белград заедничкиот комитет на ЦЕФТА, на вонреден состанок ќе одлучи дали Македонија го прекршува трговскиот договор со Србија, за увоз на српската пченица и брашно.
Инаку, вчера министерот за земјоделство, Љупчо Димовски изјави дека состанок е само формален и дека ќе биде постигнат договор мерката да важи до крајот на годинава.
Од друга страна, српското министерство за земјоделство се убедени дека ЦЕФТА ќе упати официјално барање до македонската влада, да ја укине мерката која го ограничува увозот на пченица и брашно од Србија.
ФОТО: Региони