Вклучувањето на Македонија во „Јужен тек“ предизвикa големо внимание кај Грција

Грчките медиуми на големо пишуваат за посетата на македонскиот премиер Никола Груевски во Москва каде утре ќе се потпише договорот за „Јужен тек“.

Потпушувањето на договорот за вклучување на Македонија во гасоводот „Јужен тек“ предизвикува големо внимание во Атина, особено поради тоа што пред извесно време рускиот гигант „Газпром“ ја исклучи Грција од проектот откако утврди дека профитот од Грците нема да ги покрие трошоците за инвестицијата, јави дописникот на МИА од Атина.

Воедно, денеска актуелна е и изјавата на премиерот Груевски дека ова е исклучително значаен проект за Македонија.

Договорот ќе биде со важност од 30 години, со можност за продолжување на секои пет години, и засега не се знае дали кракот кон Македонија ќе дојде од Србија или Бугарија, нагласуваат грчките медиуми. 

ФОТО: Журнал

најчитано сега