Трагедија во Македонија: Пронајдено мртво 20-годишно момче
Трагедија синоќа ја потресе Македонија. Во 08 часот во Неготино, во сопствената куќа на улицата „Фемо Кучлаков“, бил пронајден починат 20-годишниот Д.П.
Според податоците од полицијата, на телото на младото момче не се најдени траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
11.05.2016 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа