Јанкуловска: Подобра соработка со Грција ќе овозможи полесно да се реши проблемот со илегалните мигранти

 

Немаме илузија дека со една, две, три или пет акции ќе се реши целосно проблемот со илегалните мигранти, посебно ако се земе предвид фактот дека целосен одговор на овој проблем не може да бараат само институциите од Република Македонија, туку е потребно соработка со земјите  каде што претходно поминуваат овие мигранти, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

- Колку што имаме подобра координација и размена на информации, но и заедничко дејствување, толку ќе бидеме поуспешни во справуавњето со овој проблем, рече министерката и нагласи дека МВР ќе продолжи интензивно да дејствува и во насока на откривање на илегалните мигранти, но и во насока на казнување на организаторите и на оние кои на некој начин се вклучени во нивниот транспорт низ Република Македонија.

- За жал соработката со Грција на овој, па и на секој друг план не е на нивото на кое ние посакуваме, дури и не е на ниво на соработка што ја имаме со која било друга соседна земја. Тоа е дополнителна отежнувачка околност бидејќи доколку границата не е подеднакво добро обезбедена од двете страни, тогаш имаме сериозен проблем и дополнителен ангажман за да го постигнеме истиот ефект, истакна Јанкулоска.

ФОТО: Охридњуз

најчитано сега