Директорот на кумановската болница ја злоупотребувал својата службена положба

Директоторот на  ЈЗУ Општа болница-Куманово осмничен за проневера на над 700 илјади денари. Како  што информира полицијата,  во текот на 2015 и 2016 година, 49-годишниот А.Л не презел законски мерки и не спровел судски спор со тужба пред надлежен Основен суд за неисполнување на обврски од договор за упатување на специјализација на специјализант од ЈЗУ Општа болница-Куманово.

Имено, со договор специјализантот бил испратен на специјализација на Медицински факултет во Скопје за време од пет години, по што специјализантот за време на специјализација примал плата, патни трошоци, надоместоци но не ја завршил на време специјализацијата, а пријавениот не презел законски мерки поради неисполнетата обврска овозможувајќи на специјализантот да се стекне со противправна имотна корист 709.600 денари на штета на буџетот на болницата.

 

 

 
 
13.05.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега