Грчкото МНР за средбата Попоски-Ванизелос: Се разговараше за прашања од заеднички интерес
Денеска во Брисел министерот за надворешни, Никола Попоски и неговиот грчки колега, Евангелос Венизелос се сретнаа и разговараа на повеќе теми.
Во кусото соопштение од страна на грчкото МНР се вели дека Венизелос и Попоски „разговарале за прашања од заеднички интерес во рамките на познатите позиции на двете земји“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, ова е прва седба на Попоски со Венизелос, кој стана министер за надворешни работи по реконструкцијата на грчката Влада која премиерот Самарас ја направи на крајот од минатиот месец.
ФОТО: Кајгана