Груевски: Со новиот закон за филм ќе се снимаат повеќе филмови во Македонија
Денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, при официјалното означување на работите за изградба на патот за населбата Сончев Град во Сопиште, изјави дека за снимањето на филм одсега ќе се одвојуваат до милион евра, наместо како досега 500 илјади евра.
-Со новиот Закон за филм се уредуваат и многу други активности меѓу кои и поголемо учество на приватниот сектор. Со измените на Законот за филм се предвидува 20 отсто од средствата да им бидат вратени на приватните компании откако ќе заврши снимањето на филмот, изјави денеска премиерот Груевски.
Со ова, додава Груевски, ќе се овозможи стимулирање на филмските работници за снимање на повеќе филмови.