Ја „спукаа“ ВМРО-ДПМНЕ и весникот Вест
Демант на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ остро ги демантира шпекулациите коишто ги лиферува дневниот весник "Вест" "ВМРО-ДПМНЕ првин го дала Трајко, па се премислила", од владејчката партија излегоа со демант во кој како што стои бараат од Вест да се придржува кон принципите на објективното новинарство. Според демантот, партијата реагиран а насловот на текстот и на фактот дека не бил запазен принципот на проверка на информациите од две страни.
Во потполност се неточни наводите во насловот и текстот на денешниот број на дневниот весник "Вест" дека "ВМРО-ДПМНЕ првин го дала Трајко, па се премислила". Овој наслов и текст претставуваат елементарно непочитување на основните принципи на новинарството за проверка на информацијата од двете страни.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова претставува личен став и однос кон актуелните прашања на Главниот и одговорен уредник на дневниот весник "Вест", господинот Горан Михајловски кој очигледно со намера лиферува неточни информации.
Ние за разлика од СДСМ не се закануваме и нема да се закануваме со тужби, но бараме Главниот и одговорен уредник на дневниот весник "Вест", господинот Горан Михајловски, да ги запази и да ги почитува стандардите на објективното новинарство и информирање.
Весникот Вест реагираше со одговор во кој стои дека се побарани изјави од двете страни.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Одговор на "Вест"
Почитувани,
Редакција "Вест" остро ги отфрла шпекулациите на ВМРО-ДПМНЕ лиферувани во демантот за текстот"ВМРО-ДПМНЕ првин го дала Трајко, па се премислила".
Ве упатуваме повторно на споменатиот текст, во кој според основните принципи на новинарството за проверка на информацијата од двете страни, со име и презиме се цитирани изјави на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Според Редакција "Вест", шпекулациите во демантот на ВМРО-ДПМНЕ се партиски став и однос кон весникот, и особено отворена закана кон Главниот и одговорен уредник Горан Михајловски.
Редакција "Вест" бара од ВМРО-ДПМНЕ да ги запази и почитува стандардите за слобода на информирањето.
Со почит ,
Колегиум на Редакција "Вест"