Каква ќе биде новата цена на горивата во Македонија?

 

Неодамна со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, бензините во Македонија поевтинија за половина денар. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), останаа исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

Регулаторната Комисија за Енергетика на 30 мај треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата. Останува да видиме дали цените ќе паѓаат или ќе поскапат, според движењата на светските берзи.

 
 
23.05.2016 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега