Споредба на цените за одмор во Хрватска, Грција, Шпанија и Турција

 

Хрватска е меѓу најскапите земји во одмор во Европа, покажува истражувањето кое го спроведе германскиот автоклуб АДАЦ, кој има околу 18 милиони членови, објави Економски

Истражувањето е спроведено во 50 популарни туристички локации во десет европски земји во кои Гермнацитре најчесто одат на летување. Спредени се цените на 34 производи кои просечното германско семејство ги користи за време на одмор.

Резултатите покажуваат дека Хрватска е поскапа од своите главни медитерански конкуренти – Шпанија, Грција Турција и Бугарија.

Просечно германско семејство за купување на 34 производи и услуги во Хрватска би потрошило 164 евра, во шпанија 159, во Грција 150 во Турција 147. Најевтина е Бугарија каде истата кошничка чини само 122 евра.

Во Германија за истите производи и услуги би се платиле 185 евра, а уште поскапи се Холандија, Франција, Италија и Данска.

најчитано сега