„НетПрес“: Аферата „платеничка револуција“ на СДСМ раширен канцер во општеството

Аферата платеничка револуција каде со пари од Сорос раширени низ чадор на десетици невладини организации се финансираат протести, фингирани вести, јавни настапи и деструктивни активности на опозицијата навлегува длабоко во општеството и како канцер е раширено низ огромен број на јавни сфери, пишува НетПрес.

На платеничкиот список се наоѓаат политичари, јавни личности, граѓански активисти, платени експерти, судии, новинари, уредници на весници, блогери. Нивната задача е креирање на фиктивна слика за непостоење на слобода и демократија и преку насилен пат рушење на демократски избрана власт. Бројчаникот на платениците неограничено вртел и се одлевале милиони. Но, сега е разоткриена мрежата на кој начин функционирала опозицијата и недемократскиот начин на кој СДСМ од една страна глумејќи жртва, а од друга страна силно корумпирајќи ја секоја пора од општеството сака да се дограби до власта.

Меѓу стотиците кои инкасирале пари за својот активизам е и Жарко Трајановски од ГЕМ клубот. Тој на пример во 2014-та година земал близу 60 илјади денари бруто приход од соросовата ФОРУМ ЦСИД.

Истата година од Македонскиот центар за европско образование пари земал и аналитичарот Суад Мисини кој инкасирал по 13.667 денари. Ова покажува дека не беше за џабе штрајкот со глад кој Мисини го практикуваше неколку дена пред македонското собрание.

Андреја Стојковски од МЦЕО кој често во јавноста ги застапува ставовите на СДСМ и опозицијата минатата година инкасирал 895 илјади денари, а во 2014-та година инкасирал 1.054,103 денари од истата организација.

Дека и протестите на пленумите предминатата година беа директно финансирани од соросовите организации покажуваат приходите на Блажен Малески, член на Студентскиот пленум кој во 2014-та година заработил 356.796 денари од Реактор Скопје, а пари заработила и Тања Малеска од истата организација заработила 1.453,528 денари.

Пари земала и поранешниот  член на антикорупциска Вања Михајлова која минатата година од соросовата Транспарентост заработила 324.222 денари, а 2014-та околу дополнителни 126 илјади денари. Снежана Трпеска од Македонскиот институт за медиуми земала по 6.666 денари од Центарот за развојот на медиуми.

На платниот список се наоѓа и пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска од СДСМ која од ХЕРА заработила 17.853 денари, додека Стојановски Филип од Соросовата Метаморфозис заработил над 945 610 денари.

 
 
24.05.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега