Министерот Попоски во Брисел се сретна со Кетрин Ештон
Денеска министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, во Брисел оствари средба со високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Ештон ја пренесе нејзината заложба за напредок на Македонија во евро-интегративните процеси, при што ја повтори поддршката на Советот во таа насока и апелираше да се реши спорот со името што е можно побрзо.
Министерот Попоски ја запозна со напорите кои Република Македонија ги прави за надминување на разликите со нашиот јужен сосед. Тој ја истакна посветеноста што Република Македонија ја има во процесот наевропската интеграција. Притоа, Попоски ја потенцираше неопходноста да и се овозможи на Република Македонија да напредува на патот кон членството во Унијата, согласно постигнувањата. Тој ги истакна заложбите запостигнување на консензус во рамки на Советот на ЕУ. Во тој правец, ги афирмираше иницијативите кои Република Македонија ги презема, особено корисноста од фокусиран дијалог со јужниот сосед, во рамки на процесотводен во ОН.
- „Ако не ја засилиме посветеноста и подигнеме нивото, повторување на истиот пристап нема да му помогне на амбасадорот Нимиц да ја надмине разликата. Но за тоа да се случи, потребна е согласност и посветеност во Атина. Тоа имаме право да го очекуваме со оглед на долготрајните опструкции во евро-атланските интергации„–заклучи министерот Попоски.
ФОТО: Влада