ВМРО - ДПМНЕ загрижени за забраната за влез на македонски граѓани во Грција

 

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост за појавата на запирање и забрана за влез на македонски граѓани на граничните премини со Република Грција.

- Сметаме дека ваквата неприродна пракса не оди во прилог на заедничките заложби на двете земји за развој и унапредување на добрососедските односи и зајакнување на меѓусебната доверба, стои во денешното соопштение од ВМРО - ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ претставува приоритет, во европски дух и заеднички, да се решаваат сите отворени прашања кои ги оптоваруваат односите на двете држави и заеднички да останеме фокусирани, се подвлекува во соопштението, во напорите за изнаоѓање решение на единствената пречка која стои на патот на европската и евроатланска интеграција на нашата земја, а тоа е надминување на разликите за спорот на името на Република Македонија.

- ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неопходно Република Македонија и Република Грција заеднички да продолжат да даваат позитивен импулс за проток на идеи, луѓе и бизниси, а во насока на градење на позитивна атмосфера во двете земји, се вели во соопштението

најчитано сега