ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да напаѓа по било која цена опозицијата да се вклучи во законот за медиуми и аудиовизуелни техники

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на пратеникот Јани Макрадули од СДСМ наведува дека во рамките на текстовите на законот за медиуми и аудиовизуални услуги се вградени огромен број забелешки и препораки кои доаѓаа и од ОБСЕ и од Советот на Европа, но и од здруженијата и асоцијациите на новинарите, на приватните електронски медиуми, на локалните и регионални радиудифузни друштва, на интернет провајдерите и други.

Владејачката партија ја повика опозицијата наместо со напади по се и по било која цена, во еден разумен и конструктивен процес да се вклучи во донесувањето на овие два закони.

Процесот на подготвување на текстот на законот за медиуми и аудиовизуални услуги, јавните расправи, консултациите и усогласувањата со домашни и меѓународни заинтересирани субјекти трае повеќе од година и половина. Во тек на овој период одржани се повеќе јавни расправи, но и директни средби со голем број на здруженија, асоцијации и заинтересирани субјекти. 

ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ја поздравува одлуката на македонското Собрание да се организира одделна јавна расправа за двата закони. - Цениме дека тоа е правилниот начин како може да дојде до понатамошно подобрување на текстот на овие два исклучително важни закони. Потврдуваме дека, како и до сега, сите конструктивни идеи и предлози ќе најдат место во финалната верзија на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и Законот за медиуми. Со посебно внимание повторно како и до сега ќе се осврнеме на сите забелешки и идеи кои ќе доаѓаат од меѓународните организации, но и од здруженијата и асоцијациите на новинари во Република Македонија, се наведува во соопштението.

најчитано сега