Странските инвестиции во првиот квартал 58,7 милиони евра
Во првите три месеци од годинава странските директни инвестиции изнесуваат 58,7 милиони евра.
Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека најмногу се инвестирало во февруари 33,07 милиони евра, во март 25,08 милиони и во јануари 0,56 милиони евра.
Најмногу инвестиции има од Лихтенштајн 7,59 милиони денари, Италија 4,35 милиони, Австрија 3,37 милиони, Велика Британија 3,25 милиони евра, Луксембург 2,67 милиони, Словенија 2,65милиони, Турција 1,57 милиони евра...
Според секторите, најмногу инвестиции имало во дејноста возила и транспортна опрема 15,29 милиони евра, 15,10 милиони во дејноста со моторни возила, во градежништвото 12,88 милиони, текстилот 3,06 милиони евра, 2,55 милиони евра во финансиското посредување, освен осигурувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа