Регулаторна предлага намалување на цената на парното

 

Денеска Регулаторната комисија за енергетика предложи цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ - Енергетика“.

Претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција истакна дека цената се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија.

Цената согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.

Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов.

ФОТО: Утрински 

најчитано сега