Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево - едно лице се бори за живот

Тешка сообраќајка се случи  утринава околу 8:30 часот на патотот Кичево - Осломеј во која едно лице е повредено. 

– Собраќајната незгода се случила во момент кога возилото нисан со кичевски регистарски таблици управувано од повредениот жител на Кичево роден 1962 година ненајдено се вклучило од спореден пат при што не му дало предност на возилото Фолксваген кое се движело во правец од Осломеј кон Кичево, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Итната помош лицето го однела во кичевската болница, но поради сериозноста на повредите прератено е на скопските клиники. 

Полицијата изврши увид на местото на несреќата. 

 
 
16.06.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега