Кочанчанец пронајден мртов - семејството во паника

Вчера околу 10:00 часот над село Чифлик – кочанско, бил пронајден починат Г.Д. (69) од село Кучичино, кој пред два дена околу 09:00 часот со коњска запрега се упатил кон „Солен дол“ да сече огревни дрва и не се вратил.

Брзата помош која пристигнала на лице место констатирала само смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
 
17.06.2016 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега