Јанкуловска: Неопходна е помош од соседите за да се реши проблемот со мигрантите

 

Проблемот за илегалните мигранти не може да се реши со неколку акции, туку само со систематски пристап, координирана акција и заеднички настап со соседните држави особено со оние од каде доаѓаат ваквите илегални мигранти, а со цел да се стави крај појавата Македонија да биде на патеката која ја користат за да стигнат до западноевропските земји,  рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со акцијата во Лојане.

Јанкулоска информира дека МВР во повеќе  наврати спроведе координирани акции при што е откриена голема бројка мигранти, оти таквите акции ќе продолжат во континуитет и дека веќе се поднесени кривични пријави за организаторите на групите.  

Посочи дека нивото на соработка со јужниот сосед, кај кого нема еднаква посветеност  за обезбедување на границата, ги зголемува напорите на Македонија и потребата од ангажирање ресурси за да се постигне ефектот да се стави крај на појавата земјата да се користи како патека за мигрантите да стигнат кон западноевропските држави. - Нивото на соработка не е на посакуваното ниво, ниту на нивото на кое е со другите соседни држави, истакна Јанкулоска.  

Додаде дека ќе бидат искористени сите ресурси кои им стојат на располагање да се спречат овие канали и потенцира дека  најжестоко ќе реагираат кон оние што се јавуваат како организатори на овие групи.

најчитано сега