Оланд: Франција ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

 

Имајќи ги предвид добрите односи кои ги има со Грција, Франција сака да помогне да се изнајде решение за проблемот меѓу Македонија и Грција. Факт е дека дојде до застој во решавањето на овој проблем. Факт е и тоа дека ние не можеме овој проблем само да го оставиме да постои. Мора да направиме нешто во врска со тоа прашање. Поради тоа Франција сака да го искористи влијанието кое го има за да се обидеме да изнајдеме решение бидејќи ова прашање навистина беше премногу комплицирано, премногу долго трае, истакна денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

- Постои потреба да се исполнат одреден број услови кои се многу важни за секоја од земјите. Првенствено тука мислам на реформите – политички, економски, институционални, како и реформите кои се однесуваат на владеењето на правото. Постои уште еден услов кој се однесува на целиот регион, а тој е регионална соработка и помирување. Тоа е она што вие се обидувате да го постигнете со овој процес, рече Оланд.

- Неопходно е земјите да направат се што е во нивна моќ за да ги надминат потешкотиите и недоразбирањата кои постојат меѓу нив. Доколку сакаме да дојде до она вистинско помирување во Европа, тоа ќе можеме да го постигнеме исклучиво ако се обидеме и вие и ние да ги вложиме сите наши напори Балканот да стане дел од ЕУ, додаде Оланд.

Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференцијата рече дека процесот на проширување  на ЕУ е во интерес на сите.

- Процесот не е толку брз. Наша задача е да ги решиме сите прашања кои и натаму се отворени, кои го предизвикаа распадот на поранешна Југославија. Ако не дојде до решавање на отворените билатерални прашања, тоа би претставувало голем проблем, истакна Пахор и додаде дека следниот состанок на Брдо процесот ќе се одржи во Хрватска.

најчитано сега