Протести пред Кривичниот суд во Скопје - учесниците бараат слобода за Кежаровски

 

Пред Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа протест поради продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски.

Учесниците во протестот побараа Кежаровски да биде пуштен да се брани од слобода, бидејќи, како што истакнаа, неговата здравствена состојба е нарушена, а од понеделникот штрајкува со глад.

Протестот го организира Иницијативниот одбор за спас на Кежаровски.

За продолжувањето на притворот на Кежаровски денеска реагираше и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ.

- Неприфатливо е новинар да биде притворен поради новинарско известување. Уште еднаш, ја нагласувам важноста да им се овозможи на новинарите да прават истражувачки стории за прашања од јавен интерес, ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. Продолжувањето на притворот за Кежаровски веќе има големо влијание врз слободата на медиумите во земјата, наведува Дуња Мијатовиќ во пишаната изјава до медиумите.

ФОТО: Фактор

најчитано сега