Пешак прегазен во Скопје

Пешак е тешко повреден, а уште девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие во Скопје. Останатите осум сообраќајки се со последица материјална штета.

При спроведените контроли од страна на сообраќајната полиција се преземени мерки кон 19  возачи кои возеле со брзина  поголема од дозволената, двајца кои возеле под дејство на алкохол, тројца поминале на црвено светло, петмина зборувале на мобилен,  а тројца пешаци сториле разни прекршоци.

Со помош на  специјалното возило отстранети се 59 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во градинка „Пролет“ објект„Сончогледи “ во општина Карпош.

 
 
22.06.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега