Антиќ: Ќе дадам се од себе за Атланта
Антиќ е возбуден и ветува дека ќе даде се од себе во новата НБА сезона за сојот нов тим Атланта Хоукс
„Возбуден сум и почестен што ќе бидам дел од НБА лигата. Потребен ми беше нов предизвик по двете сезони во кои ја освојував титулата во Евролигата. Кога новиот тренер Мајк Баденхолцер ме повика не можев да помислам на поголема можност од оваа која ми се пружа во Европа. Веднаш му кажав дека би ми била чест да играм за Хоукси и дека ќе дадам сè од себе. Не велам дека ќе ја освоиме титулата, но јас ќе го пружам своето најдобро со цел да им помогнам на соиграчите да победуваме и да ги направам среќни. Јас сум крилен центар кој може да ја рашири противничката одбрана, кој може да погоди однадвор, така да тоа, во пакет со добрата одбрана, можете и да го очекувате од мене, “ - рече Антиќ, кој потоа го спореди играњето во Европа со тоа во НБА.
„Играњето во Европа и во НБА е нешто различно, но со години сè повеќе Американци доаѓаат во Европа со што стилот на игра почна да се изедначува. Исклучок се правилата, на кои бргу ќе се прилагодам. Пред мене е Европското првенство во септември по што во првата прилика ќе се вратам во САД. Колку повеќе време имам за подготовки со Хоукси толку подобро и побргу ќе помине моето прилагодување на НБА“.