ВИДЕО: „Солар импулс 2“ го заврши летот преку Атлантикот
Експерименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ утрово слета во Шпанија, со што по три дена лет го заврши патот преку Атлантикот од САД до Европа.
Авионот од швајцарско производство слета во Севиља нешто по 7:30 часот.
„Солар импулс 2“, кој полета пред три дена од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, со овој лет постигна рекорд на најдолг пат минат од летало на соларен погон.
Во обид за пат околу светот без капка гориво, исклучително само на соларен погон, авионот полета во март од Абу Даби и потоа леташе до Оман, Мјанмар, Кина, Јапонија и преку Пацификот до САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа