Промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар

 

Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонија во парнерство со катедрата за комуникации и маркетинг на универзитетот „Поинт Парк“ во Питсбург,  Сојузна американска држава Пенсилванија, денеска во Охрид ќе го претстави проектот „Интегриран маркетинг комуникациски (ИМК- ИМЦ), план за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар“.

Проектот што е замислен во насока на промоција на Охридско-струшкиот регион на американскиот пазар е насочен кон таргет-групата „Бејби бум генерација” од САД. На презентацијата ќе биде најавен планот што ги содржи клучните наоди и препораки кои се резултат на двомесечната теренска работа на тимот „Шест Пионери” под менторство на професорите Јохан Ејсел и Стефан Гребински, како и препораки за начините за имплементација на планот. Презентерите ќе ги споделат и своите искуства од оваа уникатна едукативна размена, како и плановите за натамошнатата соработка со Универзитетот „Поинт Парк“.

На маргините на презентацијата е предвидено да бидат доделени и наградите за најдобра фотографија од изложбата што минатата година беше поставена во Изложбената галерија на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид, а организирана од катедрата за фотографија при Универзитетот „Поинт Парк“.

Проектот е дел од активноститена невладината организација Мултилингвална и мултикултурна хармонија за економски развој преку едукативна и културна размена со Америка, а поддржан е од „Поинт Парк“ универзитетот, проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Ротари клубот на Охрид, Ротаракт Клубот, Хотел „Горица", Македонска Мисија за Хуманост.

најчитано сега