Хорор во Битола: Таксист силувал девојка

 Момче и девојка додека се возеле во такси преживеале вистински пекол. Според информаициите на полицијата,  околу 21,00 часот во Битола, две лица (машко и женско) на возраст од 24 и 25 години од Битола влегле во такси возило со марка „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки управувано од 54-годишниот П.М., кое било паркирано во населбата . „Баир“ со намера да одат кон центарот на градот.

При тоа П.М. започнал расправија со машкото лице за наводен долг, по што ги земал 100-те евра кои истиот ги држел во рака, а потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот.П.М. застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката. Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот.

Полицијата  превзема мерки за расчистување на настанот.

 
 
25.06.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега