Вонредна временска прогноза: Во вторник неподносливи температури

Во сабота и недела, времето ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Топлотниот бран, својот максимум ќе го има во понеделник и вторник кога се очекува да бидат измерени највисоките дневни температури досега, кои ќе се движат во интервал од 32 до 42 степени и УВ индекс 10. Утринските температури ќе се движат од 16 до 24 Целзиусови степени. 

Во вторник, во попладневните часови постојат услови за локални врнежи од дожд и грмотевици, а поради високите дневни температури можна е и појава на невреме проследено со град и засилен ветер.

Од среда, се очекува пад на температурите. 

Денеска пак, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 37 степени. УВ индекс ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени.

Препораките од надлежните се да нес излегва на сонце доколку за тоа нема вистинска потреба. Хронично болните, трудниците и постарите лица, воопшто да не излегуаат на сонце во периодите кога е најтопло

26.07.2013 - 12:03

најчитано сега