Се бараат работници за во Германија
Лекари, медицински сестри, ИТ експерти, електричари и маашиновозачи се занимањата кои им требаат на Германците. Со оглед на тоа што населението старее, земјата се одлучи да ја спасува ситуацијата со прием на работници од земјите кои не се членки на Унијата. Работниците кои ќе отидат таму ќе се стекнат со така наречената сина карта и ќе ги имаат истите права како и Германците.
Еве што е потребно за да се конкурира за работа:
- квалификации исти како тие во Германија,
- познавање на германски јазик на ниво Б2
- диплома од факултет ( за занимањата за кои е потребна)
Што се добива:
-Договор за работа во согласност со германското право
-Плата во висина од 34.944 до 44.800 евра
-Општ, санитарен и здравствен преглд
За странските ИТ експерти и инеженери нема да се бара признавање на дипломите, нострификацијата е потребна за лекарите, но процесот нема да биде подолг од три месеци. Ако дипломата не одговара, кандидатот ќе оди на доусовршување.
Повеќе детали за условите и аплицирањето има на следниот линк: