ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос го оспорија правото на избор на студентите

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос вчера го оспориле правото на студентите на УКИМ да изберат свој лидер. Тие, сметаат од партијата,  го направиле тоа на највалкан начин, давајќи наредба на малкумина кои ја поддржуваат нивната деструктивна политика, да се обидат да предизвикаат насилни инциденти за време на гласањето.

- Откако не успеаја во намерите, отидоа чекор подалеку и активираа провокатори кои биле студенти пред повеќе децении и кои немаат никаква допирна точка со студентското движење или со изборот на Претседател на СПУКМ. Хулиганите на СДСМ и Сорос се обидоа да спречат да се избројат гласовите на студентите кои излегоа да изберат свој лидер. Со ваквото насилничко однесување СДСМ и Сорос покажаа дека не ги почитуваат студентите и се подготвени да удрат по сите кои немаат намера да ја поддржат нивната деструкција. СДСМ и Сорос покажаа дека не ги интересира програма на кандидатите за Претседател на УКИМ и самиот избор, туку ги интересира само оспорувањето на изборот, изјави на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што можело да се види вчера, потенцира тој, е слика на тоа што го гледа јавноста изминатиов период на централно ниво.

- СДСМ и Сорос немаат поддршка од граѓаните за хулиганството и вандализмот. Рејтингот на СДСМ тоне, како што се зголемува нервозата и деструкцијата. Затоа СДСМ бега од избори и од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ се труди да ги блокира изборите и го оспорува уставно загарантираното право на граѓаните да гласаат и да и дадат легитимитет на политичката опција која што сметаат дека може да ја извлече Република Македонија од кризата, истакна Данев.

Од партијата ја поздравуват, како што велат, присебната и професионална реакција на полицијата која не дозволила да ескалира вандализмот и насилството и не подлегнала на провокациите и навредите упатувани од активистите на СДСМ и Сорос.

Исто така, партијата ја поздравува и присебноста на СПУКМ кои не дозволиле мала група на хулигани да го оспорат демократското право на илјадници студенти.

 
 
01.07.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега