Платениците од „Шарената револуција“ со поддршка за насилните студенти од Пленумот

Најгласните поддржувачи на СДСМ, кои земаат огромна сума на пари од СОРОС за да дивеат низ Скопје и да уништуваат се пред себе, по пропаѓање на „Шарена револуција“ се придружија на Студентскиот Пленум.

Иако годините за да бидат студенти им се одминати, сепак за да си ја одработат агендата на опозициската партија, овие луѓе одлучија да дадат поддршка за нелегитимниот претставник на студентите, Пленумот, кој вчера покажа вербално и физичко насилие, изгледа научено токму од „Шарената револуција“.

Новинарот Борјан Јовановски даде поддршка за пленумците кои вчера покажаа однесување кое ни најмалку не му доликува на академски граѓанин.

borjan-plenum

Уранија Пировска од „Хелсиншки Комитет“, дава јавна поддршка за сите настани од кои најголем интерес има СДСМ. На тие настани се случува хаос и безредие, се напаѓаат граѓани, студенти и полицајци. Кога вчера забележа насилно однесување од страна на Пленумците, таа одлучи да ги поддржи и денес.

uranija-fb-studentski

Поттикнати од СДСМ, овие партиски мегафони си ја одработуваат задачата. Затоа Пленумците добија јавна поддршка и од младината на СДСМ, а тоа јавно го соопшти лидерот на СДММ, Стефан Богоев.

stefan-bogoev-fb

 

И опозицискиот активист кој врескаше по студентите, Љуми Бекири, си го најде местото меѓу Пленумците.

ljumi-vreska

Погледнете какви луѓе ги поддржуваат насилниците од Студенсткиот Пленум и како се однесуваат лицата кои партиски мотивирани сакаат да глумат „совесни академски граѓани“!

 
 
01.07.2016 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега