СДСМ ВО ОЧАЈ: Цветановски од СДСМ со закани и брутални навреди кон полициските службеници

Еден од најекспонираните насилници на СДСМ, Александар Цветановски- Бабуш упати срамни и брутални закани и навреди кон полициските службеници за време на протестите на опозицијата.

Александар Цветановски- Бабуш е поранешен прв човек на младите на СДСМ во Центар и поранешен советник на СДСМ во Општина Центар. За Цветановски е познато дека е вработен во Паркинзи на општина Центар и притоа не ни оди на работа во претпријатието кое е препознатливо по вдомување на сдсмовските кадри, раководено од првиот човек на СДСМ- Центар, Саша Богдановиќ.

babus-2640

Пред неколку години, во медиумите се појавија фотографии на истиот Цветановски фотографиран со огромно количество алкохол, прегрнат со највисокото раководство на СДСМ, со Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Зоран Заев и најшокантната фотографија, како во раката држи огнено оружје.

cvetanovski-2

cvetanovski-1

Последните закани и срамни навреди на Цветановски го покажуваат нивото на СДСМ, односно со какви се нечовечки обиди се служат сдсмовските платеници во обидот да ги спречат студентските избори. Дополнително, ваквиот однос претставува целосен израз на очај и немоќ, бидејќи не успеаја во намерата да спречат демократско изразување на волјата на студентите.

babus-3-640

 
 
01.07.2016 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега