Петковски: Груевски да ја повлече тужбата или да го тужи и Претседателот Иванов
Премиерот да ја повлече тужбата против мене или да поднесе иста против Претседателот Иванов. Лидерот на НСДП преку писмено соопштение реагира на последната изјава на Иванов во Брдо кај Крањ.
„На средбата на Претседателите на земјите од регионот со Претседателот на Франција Франсоа Оланд што вчера се одржа во Брдо кај Крањ во Словенија присуствуваше и Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов.
Во својот настап пред присутните, Претседателот Иванов покрај другото рече и дека.. "Мојата земја прифати да разговара за разликите околу името. Непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година прифативме конкретен предлог од медијаторот Нимиц, но бевме блокирани, рече Иванов.
После ова јавно признание на Претседателот Иванов Ѓорѓе Иванов очекувам Никола Груевски да се откаже од тужбата против мене пред граѓанскиот суд во Скопје или пак да поднесе иста таква тужба и против Претседателот Иванов.“ - стои во писменото соопштение од Петковски