Криминал тежок 5,5 милиони евра: Македонец осуден на три години затвор во Данска

Македонец е осуден во Данска бидејќи учествувал во најголемиот допинг скандал во земјата. Се работи за 26-годишниот Б.З. кој продавал стероиди вредни 5,5 милиони евра. Како што пишува Дневник, македонскиот државјанин е осуден на три години затвор и е протеран од Данска на две години, откако ќе ја издржи затворската казна.

Случајот е најголем од ваков вид во Данска, а шест години затвор е апсолутен максимум во рамките на допинг-случаите. Стероидите биле произведувани во куќата на мајката на Овенсон во местото Фредериксверк. При апсењето на Данците полицијата во седум објекти во Kопенхаген открила околу еден тон стероиди во капсули, ампули и прашок, вредни неколку милиони круни, како и машини за производство. Се претпоставува дека осомничените продале неколку стотици илјади допинг-препарати. Овенсон ја почнал шверцерската кариера со продажба на 100 апмули стероиди, кои им ги продавал директно на бодибилдери и други спортисти. Бидејќи побарувачката се зголемила, се зголемило и производството на стероиди. Не е познато каква била улогата на македонскиот државјанин, кој бил уапсен по приведувањето на двајцата Данци. 

– Јас сум задоволен од пресудата. Зад оваа пресуда, односно зад целиот случај, стои навистина добра работа на полицијата, а тоа резултира со пресуда со која судот во многу голема мера ги поддржа ставовите на обвинителството. Донесена е пресуда што оди подалеку од претходните за вакви случаи, иако баравме повисока, таа е во рамките на максимумот – изјавил обвинителот Андреас Kристенсен.

 
 
06.07.2016 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега