Страшна сообраќајка на Стража

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово околу 9 часот и 15 минути се случила на патот Кичево-Скопје кај превалецот Стража.

Во несреќата две патнички моторни возила, „Мерцедес“ со италијански регистерски таблички и „Голф“ со скопски таблички се судриле.

Како што дознава Република,  пет лица биле повредени во страшната сообраќајна несреќа.

Увид на местото вршат полициските екипи и Јавен обвинител.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот е во прекин во двата правци.

 
 
06.07.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега