Семејна драма во Пробиштип - го земал пиштолот и пукал дома

 

Семејна драма вчера се одвивала на улица Јоаким Стојковски во Пробиштип.

Според информациите на полицијата, во куќата во сопственост на 59-годишниот  В.С., настанала расправија помеѓу В.С. и неговиот син 35-годишниот Г.С., кој живее во Скопје.

Г.С. го земал  пиштолот „М 70 Пара“ калибар 9мм кој со дозвола  го поседувал В.С., и во ходникот испукал еден куршум во правец кон влезната врата.

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

 
 
06.07.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега