Хаос во Струмица: Дивеел и подметнал пожар
Триесет и шест годишниот Т.Г. од Струмица заработи кривична пријава бидејќи во 01:00 часот насилно влегол во кругот и просториите на Дневниот центар за лекување и превенција од опијати „Свети Елисавета„ во Струмица,, и подметнал пожар.
Пожарот подоцна се проширил низ целата просторија и ја зафатил вратата од соседната просторија каде се чува метадонската терапија.
По ова насилно влегол во просторијата на лекарот ја извадил медицинската документација, дел од неа фрлил по подот и ја запалил а дел ја запалил во самиот шкаф.
06.07.2016 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа