ВИДЕО: Првото интервју на Перо Антиќ во Атланта

 

 

И додека кошаркарската репрезентација на Македонија денеска отпатува за Словенија на базичните подготовки за престојниот Евробаскет, вниманието на македонската спортска јавност пред се кошаркарска, насочена кон САД, односно Атланта, каде Перо Антиќ од синоќа и официјално е нов член на НБА тимот Атланта Хоукс.
 
По  вчерашната официјализирање на договорот Атланта Хоукс со кој капитенот на кошаркарската репрезентација на Македкедонија, Перо Антиќ стана првиот Македонец во НБА лигата, во интервју за клубскиот журнал Антиќ ги искажа своите очекувања.
 
- Ова е првпат играч од мојата земја за дојде во НБА. Тоа е голема работа за мојата земја.
По двете последователни победи во Евролигата за мене ова е голем предизвик. Можев лесно да заминам во некој помал тим, но сакав поголем предизвик и да им помогнам на соиграчите да се искачат погоре, изјави меѓу другото Антиќ.
 
Сега се очекува Антиќ да и се приклучи на македонската репрезентација во Словенија, и уште еднаш како капитебн да ја предводи до голем успех на Европскиот шампионат, како што тоа беше пред две години во Литванија.
 
26.07.2013 - 22:16

најчитано сега