ДРАМА ГО ПОТРЕСЕ ГОСТИВАР: Едно лице на Ургентен во Скопје
Вчера во село Србиново Гостиварско околу 07:15 часот, 49-годишниот Ќ.А. од истото село влегол во маркет „Ветон“, и го нападнал сопственикот 51-годишниот А.А. при што го удрил и со нож му нанел убодни рани во пределот на рбетниот столб.
На А.А му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Ќ.A е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
07.07.2016 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа