Партиските претставници на средба во резиденцијата на ЕУ

Претставници на четирите партии потписници на Договорот од Пржино денеска во резиденцијата на ЕУ во Скопје одржуваат нова средба во обид да се надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза.

На средбата присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО - ДПМНЕ, Рената Дескоска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, како и амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Разговорите се одржуваат по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл на Македонија. 

Евроамбасадорот Орав вчера по средбата со Хајндл ја најави денешната меѓупартиска средба и изрази надеж дека ќе биде постигнат напредок за брзо завршување на кризата. 

- Нашата улога е да ги собереме сите партии заедно и да им помогнеме да го унапредат процесот. Меѓународната заедница има блиски консултации тука и очекуваме дека политичката криза наскоро ќе биде завршена, рече Орав.

 
 
07.07.2016 - 13:04
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега