Утрешниот број на Република донесува: Заев во нов криминал во Струмица
Новиот број на неделникот Република излегува утре, а во него ќе може да прочитате за новиот криминал на лидерот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица Зоран Заев.
Државата и институциите на потег
Заев во нов голем криминал во Струмица?
Документите и фотографиите до кои дојде „Република“ покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс, кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен што е добро познат на Заев и на општинската администрација како сопственик на компанија што често добива општински тендери. Откако со Законот за легализација го реши проблемот со „Глобал“, за кој беше помилуван, го злоупотребува ли Заев сега законот и за своите соработници?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа