Просечната плата во февруари 20.910 денари
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика,просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесува 20.910 денари.
Станува збор за зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во Рударството и вадење камен за 15 проценти, Градежништвото за 5 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,6 отсто.
Во февруари 2013 година, 2,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.