Попоски ќе оствари средба со Коѕиас во Варшава

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Варшава, на маргините на самитот на НАТО, ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јавија грчките медиуми.

Други детали за средбата не се соопштуваат.

Коѕиас вчера во Варшава учествуваше на состанокот НАТО-Грузија, како и на работна вечера на министрите за надворешни работи на НАТО со Федерика Могерини. Тој исто така се сретна со канадскиот колега Стефан Дион.

За денеска се планирани и средби на Коѕиас со министрите за надворешни работи на Естонија, Турција и Албанија

 
 
09.07.2016 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега