„Република“: Го потврди ли општина Струмица криминалот на Заев со „Цареви кули“?

Молк од Зоран Заев, молк и од „Цареви кули“ и само штуро соопштение од општината по новата криминална афера чија што вредност допрва се очекува да биде проценета од институциите.

Иако три дена Република.мк објавува документи и докази за злоупотребите на Зоран Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите, од општината испратија реакција четири прости реченици дека „медиумите лажат“ и дека „се е по закон“.

Ваквото соопштение од општината, како и молкот од Заев, па и од хотелскиот комплекс, само ги потврдува наводите на Република поткрепени со докази и документација.

spoeni sat 22

vpisanite objekti 2

На фотографиите од сервисот Гугл и неговите апликации за мапирање како Google Earth и Google Maps , јасно и обележано со дата се гледа состојбата на плацот, односно дека легализираните градбите на хотелскиот комплекс не постојат! Притоа, да потсетиме, се работи за комплекс кој е изграден на државна парцела од околу еден милион квадратни метри, односно пасиште!

Интересен е и моментот со новиот пат Струмица- Попчево, кој е пуштен во употреба во 2013 година, а кој минува непосредно до објектот. Да се потсетиме, Заев тврдеше дека општината потрошила над седум милиони денари за експропријација на земјиштето за да може да се изгради патот, како и дека проектната документација со сите ревизии е направена од општина Струмица. Невозможно е општината да не знае дека објектите на хотелскиот комплекс се  градени  меѓу 2011 и 2013 година, кога истовремено е работено и на градбата на патот кој минува таму.

patot nov

Невозможно е да не се знае и дека „некој таму нешто гради“, а се работи за цел хотелски комплекс, на државно земјиште. И особено ако се земе предвид дека станува збор за бизнисмен кој неколку пати добива општински тендери, меѓу другото и за реконструкција на плоштадот во Струмица, или пак за мермер за 300 (?) споменици во Струмица?

Screenshot

Screenshot 2

trotoari 

tenderi

Според фотографиите на Гугл, во 2011 година објектoт не постои, додека во решението за легализација со потпис на Зоран Заев, наведено е дека барањето за легализација е поднесено на 3 септември 2011 година.

akt201-zaev-carevi-kuli-021

 akt201-zaev-carevi-kuli-020 

akt201-zaev-carevi-kuli-019

Институциите, како и Oпштина Струмица треба да дадат одговор како Зоран Заев легализирал објект изграден по законската рамка за легализација на дивоградбите односно 3 март 2011 година.

Наместо одговор, Oпштина Струмица испрати соопштение со кое ги нападна медиумите и застана во одбрана на криминалот.

Го потврди ли Општина Струмица криминалното легализирање на „Цареви кули“ со потпис на Зоран Заев со ова соопштение?

 
 
10.07.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега