Џихадистите уапсени во „Ќелија 2" со богато терористичко искуство

Уапсените во продолжението на полициската акција Ќелија се со големо терористичко искуство. Профилот на секој од приведените е различен, меѓу нив и со високо и со средно образование, има и побогати ама и сиромашни. Според оперативните сознанија на МВР, заедничко за 4-та повратници е тоа дека биле дел од муџахединските единици во Сирија и Ирак во текот на 2013 година, пренесе НОВА ТВ.

Џихадистите кои од истражните органи биле следени со посебни истражни мерки подолго време биле регрутирани од земјава, од Македонија преку Турција се префрлиле на територијата на Сирија, каде имале обуки. При претресите освен компјутери со радикални содржини пронајдена е и блуза со натпис на арапски исламската држава вечна.

Професорите по безбедност за ТВ Нова анализираат дека може да се очекува опасност од повратниците од повеќе аспекти.

 
 
11.07.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега