Пишев: Заев фатен во криминал молчи за незаконското легализирање на хациендите Цареви Кули

Зоран Заев е фатен во криминал. Зоран Заев молчи за бесправното, незаконско и криминално легализирање на хациендите Цареви Кули, истакна Васил Пишев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Васил Пишев

Документите и фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Тој е дел од доброто познатата тендер мрежа на кланот Заеви.

Не од било кој, туку лично со потписот на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зоран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Царе­ви ку­ли“ противзаконски е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на. Значи ова е тој документ, каде Заев со свој потпис става печат на овој голем криминал.

На ре­ше­ни­е­то за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­пра­вен об­јект стои де­ка  Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца поднел ба­ра­ње со опре­де­лен број од 3.9.2011 го­ди­на за ле­га­ли­за­ци­ја на хо­тел­ски­от комп­лекс, по­ткре­пе­но со ге­о­дет­ски елабо­рат за по­себ­ни на­ме­ни, со че­ти­ри згра­ди од кои пр­ва­та со стан за­ве­ден со број 1 на при­зем­је од 260 ква­драт­ни ме­три, по­мош­на про­сто­ри­ја од се­дум ква­драт­ни ме­три и стан број 2 на кат со по­вр­ши­на од 222 ква­драт­ни ме­три.

Не терен овој објект уште не бил изграден кога законот тоа го овозможувал.

Тоа го потврдува са­те­лит­ска­та фо­то­гра­фи­ја од пре­ба­ру­ва­чот на ин­тер­нет „Гугл“ и не­го­ви­те ала­тки, кои покажу­ва­ат де­ка на те­ре­нот ка­де што се на­о­ѓа ле­га­ли­зи­ра­ни­от хо­тел­ски комп­лекс, со да­тум од 10 март 2011 го­ди­на, има со­се­ма дру­га со­стој­ба. Таков објект не постои.

Во ју­ни 2013 го­ди­на комп­ле­ксот е све­че­но отво­рен. Во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на. Или прецизно, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на.

Значи според фактичката состојба било извлечено број за легализација од општината Струмица во 2011та година, а објектот бил изграден во 2013та година. Значи имаме класично изигрување на законот што повлекува кривична одговорност.

Зоран Заев со денови молчи. Молчи затоа што е фатен со докази во криминал. За ова Заев треба да одговара. Заев го изиграл законот со кој се овозможи легализација на бесправни објекти со кој сакаше да се помогне највеќе на граѓаните со пониски примања. Заев тоа го искористи да си прави бизнис зделки и да легализира хациенди.

Ова е нов голем скандал на аболираниот Заев и за тоа мора да одговара.

 
 
11.07.2016 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега