Познат идентитетот на загинатиот на автопатот Велес-Скопје

Триесет годишниот скопјанец Зенун Л. е лицето кое денес го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Велес-Скопје, пренесува Курир.

Како што претходно објавивме, Зенун управувајќи автомобил „БМВ“ излетал од високиот мост и паднал во провалија кај местот Ајдучка Чешма, по што починал на лице место.

Во автомобилот скопјанецот бил сам.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

 
 
11.07.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега