Попоски- Нуланд: Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза на РМ е главна тема на средбата

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денес оствари средба со помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европски и Евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата држава.

poposki nuland1

Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата.

poposki nuland2

Попоски и Нуланд разменија мислења и за низа актуелни теми од регионален карактер, безбедносните предизвици, како и за активностите во рамките на глобалната коалиција за борба против тероризмот, информираат од Министерството за надворешни работи.

 
 
11.07.2016 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега