Голема акција на полицијата во осум градови низ Македонија

Голема полициска акција спроведува денеска македонската полиција против организирана група дилери. Акцијата според првичните податоци се спроведува во осум градови низ Македонија.

Според првичните информации, запленети се скапи автомобили и мотори, дрога и пари, кои дилерите ги добиле со препродажба на наркотици. Претреси се вршат во Скопје, Велес, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Струга, Кавадарци, и Штип, пренесе Алфа.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

 

 

 
 
12.07.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега