Автомобилот смачкан, возачот на Ургентен: Детали за несреќата во Автокоманда

Едно лице е тешко повредено во стравичната несреќа која утрово се случи во Автокоманда, откако автомобил се преврте на кров кај училиштето АСУЦ.

Во Ургентниот центар итно бил пренесен возачот на автомобилот „Пежо 206“, кој во автомобилот бил сам, дознава Курир.

Возачот од засега неутврдени причини ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал на булеварот и се превртел на кров.

Повеќе детали се најавени во текот на денот.

 
 
13.07.2016 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега