Хорор пред полноќ во Скопје: Каменуван автобус на ЈСП - патник во болница

Во 23 часот и 45 минути на булеварот „Крсте П. Мисирков“ во Скопје, поточно на автобуската постојка кај хотел „Султан“, непознати лица каменувале автобус на ЈСП кој се обраќал на линија бр.50 во правец од Центар кон Автокоманда.

Во инцидентот, според податоците од македонската полиција, 18-годишниот патник Ф.Ј.  од Скопје бил повреден во пределот на главата  и истиот со Брза помош е пренесен во Урегентен Центар, каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
13.07.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега